Нов пролетен тренд – кимоно

7 мај 2013

Време е полека да започнете да ја менувате зимската облека со летна, па доколку ви е здосадено од постојаната монотонија во однос на модните парчиња кои ги поседувате, ние би ви препорачале облека која ќе ви помогне полесно да се справите со претстојните жешки денови.

 

 Етро Етро

 

Оваа сезона кимоното е еден од модните трендови кои ќе преовладува. Модните дизајнери како инспирација за создавање на своите колекции го искористија изгледот на гејшите, но во сосема нов пософистициран правец. Еднобојни, со принт, долги или кратки – погледнете ги креациите на Прада, Етро, Пучи и Хајдер Акерман.

 

Објавено:
7 мај 2013
Категорија: 
Тренд