Германската манекенка Никол Потуралски е новата љубов на Бред Пит

31 август 2020

По долгата и трауматична бракоразводна парница со Анџелина Џоли, на Бред Пит му требаше повеќе време за да се врати на здрави нозе во приватниот живот.

Но, како што наголемо се зборува во светските медиуми и како пренесува Daily Mail, актерот конечно повторно е вљубен и среќен.

Неодамна бил забележан на одмор во Франција во придружба на 27-годишниот германски модел со полско потекло, Никол Потуралски, за која веќе се зборува дека е неговата нова љубов.

Ова не е прва прилика медумите да ги „уловат" заедно. Во пар се појавиле и во 2019-та година, на концерт на Канје Вест, но тогаш вешто ја прикриле нивната релација.

Никол 29 години е помлада од холивудскиот убавец, а нејзината професионална кариера вклучува и бројни насловни страни за престижни магазини како „Ел", „Харперс базар", „Грација"...

Парот во Франција престојува во замокот Миравал, каде во 2014 Бред се ожени со Џоли, а имотот беше во заедничка сопственост и за истиот се водеше спор во текот на бракоразводниот процес.

Не може, а да не се прокоментира сличноста на Никол со рускиот топ модел Ирина Шајк, иако многумина коментираат дури и дека потсетува и на Анџелина Џоли.

Но, ова сепак е Никол, убавицата која деновиве е прва вест во шоу бизнис рубриките.

 

 

Објавено:
31 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
703 пати