Бред Пит е неверојатно згоден на насловната на V

30 октомври 2015

Анџелина Џоли и Бред Пит изминативе неколку недели водат неверојатна маркетинг кампања за нивното ново, заедничко филмско остварување „By the sea“.

Во рамки на нивната кампања, неодоливиот Бред Пит сними едиторијал за магазинот V, а на фотографиите неверојатно потсетува на Роберт Редфорд во младите години.

Одличните фотографии ги направи познатата двојка Инес и Винод, а истите се навистина ретро благодарение на нивниот талент и одличниот стајлинг на актерот.

Во рамки на едиторијалот, тимот на магазинот направи и интересно интервју со Бред Пит, кој зборува за Анџелина како сопруга, за неговите деца, за кариерата, а открива и детали од снимањето на филмот што во кината ширум светот ќе пристигне многу наскоро.

„Целиот филм го снимивме врз основа на нашите инстинкти. Енџи и јас се познаваме многу добро и имаме сериозна историја зад нас и огромно разбирање, па работењето заедно воопшто не беше тешко“, вели актерот во интервјуто.

Тој говори и за неговите деца и како обожува да поминува време со нив.

„На крајот на денот, ние сме само родители на нашите деца...Секоја вечер разговараме со нив за тоа како им поминал денот, се смееме, ги четкаме забите заедно... така што, целата тензија од денот експресно ја снемува, сѐ додека не започне следниот“, вели Бред Пит.

Објавено:
30 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.123 пати