На неодамна одржаниот интернационален фестивал "Еврофест", што годинава беше организиран со посебни протоколи соодветни на препораките за заштита од Ковид-19, престижната награда гран-при ѝ беше доделена на Мери Младеновска за песната „It's only my mind".
Музиката и аранжманот се на Јане Дунимаглоски, додека текстот е на Младеновска.
Како надоврзување на ова, песната „Лоша навика" исто така во изведба на Мери Младеновска, доби награда за најслушана песна.
„Фестивалот се одржа според сите протоколи и запазени мерки за заштита, а беше поделен во два дела. Во првиот дел се натреваруваа девет песни, додека во вториот дел учествуваа седум победниици на македонски фестивали. За наградите одлучуваше жирито во состав: Костадин Костадиновски, организатор и претседател на фестивалот, Симе Младеновски, извршен продуцент на „Лица и дела", Горан Милошовски и Андреј Десковски. Организаторот се потруди се да биде на највисоко ниво и оваа година", изјави Симе Младеновски за годинешново издание.
Во меѓувреме, Мери Младеновска продолжува како автор и водител на емисијата „Лица и дела“ што се емитува на ТВ Сонце.