Кои се најпребаруваните луксузни брендови на интернет?

30 октомври 2020

Истражувачката онлајн платформа SEMrush анализираше кои се најпребаруваните луксузни модни брендови на пребарувачот Google.

Според резултатите до кои дојде, во најтесниот круг на најпребарувани топ три луксузни модни куќи се Луј Витон (со 700.000 месечни пребарувања во просек), по што следува Баленсијага (со 423.750 просечни месечни пребарувања) и Гучи (409.000).

Понатаму листата ја продолжуваат Диор (321.375), Ермес (234.750), Шанел (212.250), Сен Лоран (153.750) и Версаче (129.375).

Интересно е тоа што оваа статистика не коренспондира со бројот на следбеници на овие луксузни модни брендови на Инстаграм, каде на пример Шанел има 40 милиони наспроти Луј Витон со 30 милиони следбеници.

Во истражувањето, платформата вклучила и кои се најпребаруваните модели. На оваа листа предводи идната мајка Емили Ратајковски (со 155.000 просечни месечни пребарувања), а по неа следуваат Кендал Џенер (143.125) и Лили Роуз Деп (130.688).

Објавено:
30 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
410 пати