Еротска најава: Џеј Ло комплетно гола на фотографиите за новата песна
•
26 ноември 2020
Џенифер Лопез дефинитивно знае како да го привлече вниманието. Речиси и да нема ден да не напрви нешто со што ќе си го обезбеди местото во медиумите, а и кај публиката, а тоа внимание секако ѝ носи заработувачка.
Овој пат, одлучи најавата за новата песна „In the morning“ да ја направи со фотографија на која е комплетно гола и гордо го покажува мускулестото тело.
Освен најавната фотографија, таа на социјалните мрежи објави и кратко најавно видео, во кое има повеќе еротски фотографии.
Дали оваа естетика ќе го прати и видео-записот е прашањето кое многумина ги интересира после ваквата најава. Но, за одговорот ќе треба да се почека до утре, кога ќе се случи и премиерата.
View this post on Instagram