Џенифер Лопез денеска го прославува 52 роденден. Публиката е навикната од неа да очекува некоја раскошна забава со многу гости.
Но, не и овој пат. Пејачката на Инстаграм објави фотографии во бикини и Долче и Габана наметка, а во нејзиниот роденденски албум се најде и фотографија со Бен Афлек со која и самата официјално ја потврди нивната врска.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Претходно, низ медиумите се појавија папарацо фотографии на кои се гледа дека ужива во негово друштво на јахта во Монако.
Тие веќе извесно време се под будното око на јавноста. По раскинувањето на свршувачката со Алекс Родригез, малкумина можеа да претпостават дека оваа некогашна двојка, која исто така беше свршена, повторно ќе биде заедно.
Инаку, тие ја раскинаа свршувачката поради неверство.
Имајќи ги предвид овие папарацо фотографии, многумина го очекуваат и официјалното појавување на двојката во јавност.