Три генерации убавина: Џенифер Лопез објави фотографија со својата мајка и ќерка

7 мај 2021

Џеј Ло е поим за убавина, а по објавувањето на оваа фотографија, јасно е дека познатата пејачка, убавината ја наследила од својата мајка. По повод Денот на мајката, кој во САД се прославува на 9. мај годинава, убавата 51-годишна пејачка, на Инстаграм објави портрет фотографија. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

На неа позираат Џеј Ло заедно со својата мајка, 75-годишната Гвадалупе Родригез и ќерката на Џенифер, Еме Марибел Муњиз, која има 13 години. 

Под фотографијата, пејачката напиша: „JLo Beauty за прекрасна и блескава кожа од 7 до 77 години.“

Џенифер неуморно работи на промоција на нејзината линија за нега на кожата JLo Glow.

Неодамна ја прекина веридбата со Алекс Родригез, а во последно време интензивно се дружи со поранешниот партнер Бен Афлек.

Објавено:
7 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.273 пати