Одењето во берберница станува се попопуларно! Она што за жените претставува спа центарот, во денешно време дојде ред за мажите тоа да биде берберницата. Трендот од Англија се прошири низ целиот свет, а се поголем број мажи ја избираат берберницата отколку модерниот стилизиран фризерски салон. Во продолжение ви ги прикажуваме деталите за три берберници од три различни краеви на светот: лондонската Truefitt & Hill, московската Mr. Right и њујоршката Fellow Barber.
Оваа лондонска берберница се гордее со својот статус и богата историја. Основана е во 1941 година од Вилијам Францис, фризер од кралскиот дворец. Доказ за квалитетот е долгата историја, но и споствената линија на производи кои и ден денес се користат низ многу берберници ширум светот. Подружници на оваа берберница има и во Чикаго, Лас Вегас, Торонто, Пекинг и Куала Лумпур.
Во потрага по пена за бричење, лосион за потоа, квалитетни четки и бричеви, во салонот доаѓаат и славни клиенти кои навикнале на добриот третман. Целокупната постапка ќе ве чини сто фунти, а вклучено е миење на косата, потстрижување, традиционалното бричење, обликување на брадата и мустаќите, а целото тоа изведено од рацете на најпрестижните мајстори.
New York - Fellow Barber
На Менхетен е отворена берберницата Fellow Barber, пети по ред проект на Сама Буфе, кој ни сам не очекувал како ќе раководи со ренесансата во подрачјето на берберниците. Интериерот во овој салон потполно одговара на њујоршките берберници од 60-те и 70-те години, а внатре работат најдобрите бербери од Менхетен. По третманот, клиентите имаат можност да се одморат во „оазата“, да седат во удобна фотеља и да се напијат филџан кафе.
Мајсторите ги користат само најквалитетните производи и купуваат од најпознатите производители Juniper Ridge, Ursa Major и ODIN. Наскоро ќе лансираат и сопствена линија производи која е направена по истенчениот вкус на сопственикот и клиентите.
Moskva - Mr. Right
Берберницата Mr. Right е проект на руските новинари, а набрзо станала една од најквалитетните во руската престолнина. Салонот располага со соби за козметички третмани и масажа, сауна и главна просторија декорирана во винтиџ стил. Дизајнот е измислен до секој детаљ, антиквитети столици купени од приватен колекционел, колекција средства за бричење, а во понудата имаат и машки додатоци како часовници од Smart Turnout. За стрижење и бричење одговорни се квалитетни мајстори, на чело со Хабибе Галијано. Тука се изработуваат и тетоважи, се стилизира брадата, се продаваат карирани машки кошули, панталони, па во ваква ретро стилска берберница кој маж не би посакал да посети и приушти.