Конечно одбрана актерката која ќе ја глуми Витни Хјустон во новиот биографски филм

17 декември 2020

„I Wanna Dance with Somebody“ е името на новиот биографски филм за Витни Хјустон, а тимот кој работи на ова остварување соопшти дека конечно ја пронашле актерката која ќе ја толкува легендарната пејачка.

Се работи Британката Наоми Еки. Дел од публиката сигурно ја памети по остварувањето „Star Wars: The Rise of the Skywalker“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @naomi_ackie_fanpage

Филмот за Витни ќе го режира Стела Меги, додека па сценариото е на Ентони Макартен, кој работеше и на сценариото за „Bohemian Rhapsody“, филмот за групата „Queen“.

„Поголемиот дел од годината го поминавме во потрага по актерката која ќе ја толкува Витни Хјустон. Наоми Еки не' импресионираше во секој дел од тој процес. Нејзината способност да ја истакне појавата на бина на оваа светска икона, истовремено внесувајќи хуманост во нејзиниот внатрешен живот, за мене беше навистина трогателно“, споделува Меги.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @naomi_ackie_fanpage

Музичкиот продуцент Клајв Дејвис исто така ќе биде еден од продуцентите на филмот, а тој изјави дека кога ја видел Наоми Еки на пробните снимки, низ телото му поминале морници од сличноста.

Сепак, бидејќи гласот на Хјустон е единствен, во сцените со пеење ќе се користат снимки од пејачката, а не гласот на актерката.

На тимот продуценти ќе се најде и Пет Хјусотн, поранешната менаџерка на пејачката, што е само уште една потврда дека во филмот ќе се користат оригиналните песни отпеани од Витни.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @naomi_ackie_fanpage

За потсетување, во текот на кариерата, пејачката освои шест „Греми“ награди и продаде повеќе од 200 милиони плочи ширум светот. Почина во 2012 година, во 48 година од животот.

Според сегашните најави, филмот ќе биде достапен за публиката кон крајот на 2022 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Blex (@blex_media)

 

Објавено:
17 декември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
261 пати
Тагови: 
Витни Хјустон