Внукот на Мајкл Џексон ќе го оживее ликот на својот чичко во биографскиот филм

2 февруари 2023

Џафар Џексон, 26 годишниот внук на кралот на попот Мајкл Џексон, ќе ја има честа да го игра својот чичко во претстојниот биографски филм.

Ова ќе биде прва филмска улога за Џафар, а екранизираната биографија ќе биде едноставно насловена Мајкл.

Новопечениот актер е инаку дете на постариот брат на Мајкл, Џермејн Џексон.

Филмот ќе биде последен во низата, приклучувајќи им се на останатите биографски остварувања за кариерите на Витни Хјустон, Елвис Присли, Квин и Елтон Џон, што веќе имавме можност да ги видиме.

Сè уште не е јасно дали Мајкл ќе ги вклучи и контроверзните обвинувања со кои што се соочуваше пејачот, но дефинитивно ќе ги прикаже легендарните настапи кои што му помогнаа на Џексон да достигне светска слава.

Од скромните почетоци со фамилијарниот бенд Jackson 5, до еден од најуспешните изведувачи во историјата, наследството на Мајкл е загарантирано. Албумот Tрилер сè уште е најпродаван албум, до ден денес.

Зад режисерката палка на филмот застанува Антоан Фуква, а еден од продуцентите е Греам Кинг, кој што го продуцираше и биографскиот филм за Квин, Боемска рапсодија носител на четири оскари.

Сценариото ќе биде дело на Џон Логан, човекот заслужен за сценаријата на Гладијатор, Авијатичарот филмовите за Џемс Бонд, Skyfall и Spectre.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jaafar Jackson (@jaafarjackson)

Фото: Pinterest, Facebook

Објавено:
2 февруари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
202 пати