Подарете им внимание и љубов на најблиските, а за возврат добијте ја нивната насмевка.
Нема ништо повредно, особено сега кога ставаме точка на годината која ни донесе многу предизвици и не ни даде многу поводи за среќа.
Затоа, сега е вистинско време да донесеме малку радост во кругот на најблиското семејство.
Елена Лука ќе ви помогне со неколку супер идеи што да им подарите на саканите и со тоа да им дадете повод за насмевка.
Ние го посетивме нивниот нов showroom во населбата Аеродром и таму наидовме на фантастичен избор на идеи, што да подарите за празниците што се пред нас.
Топ идеи за празнични подароци со потписот на Елена Лука.
-Елегантен, женствен фустан со висок страничен шлиц. Безвременски и совршен дизајн.
-Популарен модел на монтка во металик нијанси со две лица.
-Тренди плетен фустан што може да се комбинира за секоја прилика.
-Црна кратка монтка. Кул дизајн, хит во актуелната улична мода.
-Црно-бел плетен блузон, стилизиран со тантела.
-Женствени чизми над глужд со нитни, идеални за сите зимски комбинации.
Сите модели може да ги нарачате и онлајн, на е-продавницата на Елена Лука.