Хуманоста го собра кремот од шоу бизнисто на „Golden Hearts“

18 октомври 2013

Седмите по ред награди за хуманитарен придонес „Golden Hearts“ , повторно ги собра најелитните имиња од модниот, филмскиот и општествениот шоу бизнис на Менхетен. А меѓу нив: Ана Винтур, Ања Рубик, Мајкл Корс, Мирослава Дума и уште многу други. Нивна заедничка цел е да ја поддржат хуманата мисија на организацијата God's Love We Deliver, која им помага на луѓето со ограничени животни можности.

За прв пат беше доделена и наградата која го носи името на дизајнерот Мајкл Корс кој веќе 20 години допринесува за активностите на организацијата. Прв почесен лауреат на оваа награда е Хилари Клинтон, позната по своите хуманитарни ангажмани.

Објавено:
18 октомври 2013
Категорија: 
Сцена