Зошто не треба да носиме хулахопки под фармерките?

11 февруари 2021

Штом почнуваа да се спуштаат Целзиусовите степени околу и под нулата, веднаш почнуваме да ги вадиме тајните орудија од арсеналот насловен како ЗИМСКА ГАРДЕРОБА. Па користиме дебели капути, волнени џемпери, макси шалови и топли ракавици и секако, хулахопки.

Ако сте од оние кои му пркосат на студот, облекувајќи хулахопки под фармерките и панталоните зимно време, размислете уште еднаш. 

Вистина е дека слоевитото облекување е вистински погодок, но не и во гореспоменатата комбинација. Напротив, хулахопките од најлон ќе го имаат спротивниот ефект, бидејќи не дозволуваат кожата да се загрее, туку го заробуваат студениот воздух и ви ги ладат нозете.

 

За да ја избегнете оваа ситуација, најпаметно е да се одлучите за доколенки или чорапи од волнен материјал. Ако и покрај тоа ви еладно, посегнете по хулахопки со што е можно поголем процент на памук во својот состав.

Објавено:
11 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.544 пати
Тагови: 
хулахопки