Погледнете го трејлерот за филмот „Нос“ за парфимеријата на „Диор“

25 февруари 2021

Ако некогаш ве интересирало да ѕирнете во светот на парфемите и да видите како се прават, од куќата „Диор“ сега го овозможуваат тоа.

Тие направија документарен филм со назив „Nose“ (Нос). Без разлика што модата и „новиот изглед“ се првата асоцијација за „Диор“, тие имаат одлична традиција и мошне популарни парфеми во нивното портфолио.

Сега преку овој документарниот филм, тие одблиску не' запознаваат со процесот на создавање на парфемите и со личноста која се нарекува „нос“. Во случајов, во документарецот се појавува Франсоа Демаши, кој уште 2006 е на таа позиција во „Диор“.

Тој одговара на (речиси) сите прашања што би сакале да ги знаеме на оваа тема. Работењето на Франоса било снимано две години, се бележеле детали од различни краеви на светот. Поточно, тој за овој временски период бил во 14 земји, набавувајќи ги потребните, внимателно одбрани цветови.

Така на пример, во филмот се прикажува како ги бира мајските ружи во Грас, пачули во Индонезија, бергамот од Калабрија...

Освен ова, идејата на филмот е и да го сврти вниманието кон помалку истражените предели и локалните одгледувачи на цвеќе, благодарение на кои и можат да се создадат неверојатни мирисни ноти. 

Ако ве интересира како изгледа комплетниот процес на создавање еден парфем од берење цветови до дизајнот на шишенцето, а притоа раскажани од прва рака, тогаш не пропуштајте го овој документарец.

Ќе ви биде вистинско уживање. Премиерата ја имаше на Трибека филмскиот фестивал во 2020, а сега може да се изнајми или купи на Apple TV, Amazone Prime Video или Google Play.

 

Објавено:
25 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
159 пати