Стилски пижами за модерни излежувања по дома
•
23 март 2021
Памучни пижами, свилени наметки и ноќници, крзнени папучи - животот во карантин ни го сврте вниманието кон удобноста, а кој вели дека удобното мора да биде здодевно?!
Стилот не се однесува само на она кое го гледаат другите, туку и на она кое го гледате додека сте сами - тоа ги вклучува долната облека и облеката за спиење.
Главна карактеристика на пижамите и облеката за спиење треба да е удобноста, но тука е и квалитетот, а тоа не го исклучува фактот дека е пожелно пижамите да се стилски и убави.
Трендови постојат и во облеката во која спиете, па сезонава актуелни се нежните пастелни нијанси, цветните мотиви, свилени пижами во комбинација со тантела, долги ноќници кои потсетуваат на кимоно.