Како Ријана го копираше стилот на принцезата Дајана низ годините

20 октомври 2013

Откако светската музичка дива Ријана неодамна изјави дека принцезата Дајана била една од нејзините најголеми инспирации во животот и едноставно го обожувала нејзиниот стил, модниот свет се потруди да ги најде сите сличности на пејачката со принцезата.

Како што принцезата Дајана беше позната по филантропијата, така беше позната и по нејзиниот неповторлив и непогрешлив стил. Таа влијаеше врз милиони жени ширум светот, па не е воопшто чудно тоа што и Ријана денеска се обидува да го копира нејзиниот стил.

Неодамна во интервју за магазинот Гламур, пејачката изјави дека принцезата Дајана имала најдобар стил од сите било кога.

„Знаете кој има најдобар стил било кога? Принцезата Дајана! Секоја нејзина комбинација била непогрешлива. Таа носела луди шапки, волуменозни јакни и палта. Едноставно го обожавам секое парче од нејзината облека“, изјави неодамна Ријана.

Но, изгледа дека не само што Ријана го обожавала стилот на принцезата Дијана, туку истиот и го копирала низ годините.

Во тоа може да се уверите и подолу во галеријата. Погледнете!

Објавено:
20 октомври 2013
Категорија: 
Сцена