Ријана е секси дива за фотосесијата на магазинот Гламур

2 октомври 2013

Атрактивната Ријана изгледа неверојатно секси во новата фотосесија за магазинот Гламур. Покрај другото, таа говори и за стилот на принцезата Дајана, велејќи дека таа била вистински „гангстер“.

„Знаете која е жената со најдобар стил било кога? Принцезата Дајана! Секој нејзин изглед ми се допаѓа, таа навистина знаела како со парчињата облека. Таа носела неверојатно луди шапки, големи јакни... Ми се допаѓа буквално целиот нејзин стил“, вели пејачката во интервјуто за Гламур.

За фотосесијата Ријана е облечена во долна облека од Марк Џејкобс покажувајќи го нејзиното неверојатно тело.

Пејачката изгледа одлично и во комбинацијата на Диор како и во белиот фустан од Шанел. Целата фотосесија ќе можете да ја видите во октомвриското издание на магазинот.

Објавено:
2 октомври 2013
Категорија: 
Сцена