Таа има неверојатно тело и никогаш не се срамела да го покаже тоа! Прекрасната Ријана се појави топлес во последното издание на бразилското издание на Вог и мора да признаеме дека изгледа подобро од кога и да е.
Провокативните фотографии беа направени на Ила Гранде плажата во Рио де Женеиро, а на истите пејачката носи куси сатенски панталончиња во беж боја, ретро марама на главата и многу накит.
На фотографијата на насловната страница пак, Ријана изгледа ултра секси во зелен металик фустан со длабоко деколте од одличната колекција на Гучи.
По повод 39 – годишнината на магазинот, обожавателите имаат можност да бираат помеѓу две насловни, од кои на едната пејачката повторно се појавува полугола.
Веднаш по објавувањето на фотографиите, Ријана се пофали и на Инстаграм прикачувајќи ја насловната со зелениот фустан со коментар: „Јас сум Г – то во Вог. Дали сега е предоцна?“, мислејќи на тоа што нејзината глава ја покрива буквата Г во името на магазинот.
Како ви се допаѓа вам ова издание на сексапилната Ријана?