Откриена улогата на Расел Кроу во Thor: Love and Thunder

23 април 2021

Не може да не го обожувате Расел Кроу! Во минатото беше еден од помистериозните, шармантни и неодоливи актери.

Денес, видно остарен и опуштен, но се' уште знае да крене вистинска врева кога е во прашање улога.

Веројатно токму тој негов мудар и зрел изглед и му ја донесе и улогата во новиот филм за Thor на Марвел - Thor: Love and Thunder.

Расел Кроу ќе го игра Зевс - владетелот на Олимп, а неговата улога беше чувана во тајност долго време. 

Кроу ја откри ова вест во едно интервју изјавувајќи: ,,Сега ќе го земам својот велосипед и ќе се упатам кон студиото на Дизни околу 9: 15 и ќе бидам Зевс во Thor 4".

Снимањето на филмот се одвива во Сиднеј Австралија, каде што актерот живее, а минатиот период го мина во друштво на главниот лик на филмот, Крис Хемсворт и неговата сопруга.

Објавено:
23 април 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
222 пати