Ема Вотсон, Џенифер Конели, Расел Кроу и уште многу ѕвезди од епската приказна на филмот „Ное“, продефилираа на црвениот килим од премиерата на филмот пред само два дена во Зиегфелд театарот. Ема Вотсон се појави во прекрасна и драматична црна тоалета со шлеп на Ослар де ла Рента.
Убавата актерка изгледот го надополни со обувки на Кристијан Лубутан и чанта на Роџер Вивиер. Инаку, во филмот таа ја игра улогата на посвоената ќерка на Ное.
Ништо помалку впечатливи изгледи имаа и нејзините колеги Расел Кроу и Џенифер Конели. Кроу се одлучил за црн костум на Џорџо Армани и бела кошула, додека пак Џенифер блесна во креација на Луј Витон, специјално изработена за неа во асиметричен крој и текстура од кожа и волна. Во продолжение погледнете што имаше на себе останатата холивудска елита која се појави за премиерата на Ное.