Почина дизајнерот Албер Елбаз

25 април 2021

Низ светските медиуми денеска се рашири веста за изненадната смрт на познатиот моден дизајнер, Албер Елбаз. 

Како пренесуваат, тој починал во една париска болница, а веста ја потврдиле од компанијата „Richemont“ со која ги реализираше последните модни проекти - создавање на сопствен бренд  „AZ Factory“.

Модниот свет е во шок, а од дизајнерот се прости и неговата долгогодишна пријателка, колумнистката на „Вог“, модната новинарка и критичарка Сузи Мекенс.

Иако официјалните причини за смртта не се откриени, Сузи во својата објава напиша дека се работи за трагичен крај од компликации предизвикани од корона вирусот, со кој дизајнерот се борел три недели.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Suzy Menkes (@suzymenkes)

 

Инаку, пошироката јавност, Елбаз го запозна како креативен директор на модната куќа „Ланвин“ и тоа од 2001 до 2015 година, со што остави траен белег во оваа индустрија. По заминувањето оттаму, тој изјави:

„Во ова дигитално време, живееме преку нашите екрани, документирајќи го моментот. Повеќе не гледаме - снимаме. Повеќе не слушаме - снимаме. И повеќе не зборуваме - „постираме“,

Модните инсајдери велат дека ова е огромна загуба за модниот свет, а повеќе за творештвото и животот на дизајнерот прочитајте тука.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Suzy Menkes (@suzymenkes)

 

 

Објавено:
25 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
406 пати
Тагови: 
Албер Елбаз