„Новата фризура на Хали Бери е како сама да се шишала“, „Изгледа како депресивна оставена девојка која си ја скратила косата со нож во тоалетот на бензинска“, „Мислев дека Хали Бери не може да изгледа лошо, но тоа баш и не е добра боб фризура“, „Кој ја упропасти Хали Бери вака“, се само дел од коментарите.
View this post on Instagram
За потсетување, таа се појави во раскошна лелеава креација од Долче и Габана во виолтови нијанси, без накит, но со нова фризура.
Ако целта била да привлече внимание, тогаш тоа дефинитивно ѝ успеало.
Шегите стасуваа од сите страни, иако имаше и такви кои го одобруваа нејзиниот избор - бидејќи „нејзино право е да изгледа како што сака“.
На крајот се огласи и актерката на која очигледно ѝ било мошне забавно да ги чита реакциите на нејзиниот изглед.
View this post on Instagram
Таа на својот инстаграм профил објави селфи фотографија на која има долга коса и под која вели: „Боб фризурата од Оскарите... само се шегував“ и со тоа ги затвори понатамошните дискусии.