Хали Бери ја сподели својата омилена домашна маска за лице

25 април 2020

Актерката Хали Бери има 53 години и изгледа фантастично. За телото може да им заблагодари на бројните вежби и тренинзи кои ги има четири до пет пати во текот на неделата.

Но, неодамна на социјалните мрежи откри и како се грижи за лицето во домашни услови.

Имено, таа на Инстаграм сподели рецепт од нејзината омилена маска за лице, која може да се направи со намирници што веројатно на сите дома ни се наоѓаат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onApr 19, 2020 at 11:32am PDT

 

„Ајде да ѝ вратиме живот на нашата кожа. Денеска со вас ќе споделам рецепт за една од моите омилени маски за лице со состојки што веројатно веќе ги имате дома. Оваа смеса ја затега и избелува кожата на лицето, ги редуцира брчките и го истакнува природниот сјај“, напиша оскаровката под фотографијата.

Помешајте две лажици зелен чај, четвртина чаша обичен јогурт, пола лажичка исцеден лимон и малку мелена куркума. Нанесете прво еден слој на лице, оставете да остои десетина минути, а потоа нанесете уште еден слој, па оставете уште десет минути. После тоа, добро измијте го лицето со ладна вода, а потоа нанесете крема за хидратација на кожа.

Објавено:
25 април 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.397 пати