Генерацијата Z се изјасни: „Гучи“ е омилениот моден бренд

7 мај 2021

Агенцијата за истражување на популарноста на брендовите „Кантар“ секоја година ги соопштува резултатите за тоа кој бренд е на врвот.

Трета година по ред тоа е „Гучи“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gucci Official (@gucci)

Како пренесуваат, италијанскиот бренд е хит помеѓу припадниците на Генерација Z, од вкупно 30 италијански брендови, тој е на прво место.

Присутноста на дигиталните платформи и проектите врзани за онлајн апликации го прават „Гучи“ омилен меѓу новата генерација.

Воедно, тоа придонесува и за зголемување на вредноста на брендот - во моментов таа се проценува на околу 211 милијарди долари.

После „Гучи“ во врвот се и „Прада“, „Фенди“, „Ботега Венета“ и „Армани“, но и „Ферари“ чија област не е модата.

 

Објавено:
7 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
358 пати
Тагови: 
Гучи