Вашиот избор за оваа есен: Патики VS. куси рокерски чизми

23 октомври 2013

Оваа сезона се води вистинска битка помеѓу удобните патики и рокерските чизми до глужд. Во продавниците ширум светот можат да се најдат неверојатни примероци од овие чевли, а девојките буквално полудеа по истите.

Светските брендови оваа сезона нудат огромен избор како од патиките, така и од кусите рокерски чизми до глужд во неверојатни бои и дезени.

Светските трендсетерки на единствен начин умеат да ги комбинираат и патиките и кусите чизми што навистина одлично одат со секоја комбинација.

Без разлика за кој модел и да се одлучите, бидете сигурни дека нема да останете незабележани доколку прошетате во некои од овие парчиња чевли.

Loriblu

Во продолжение погледнете ја галеријата со нашите фаворити меѓу кои се најдоа и добро познатите патики на Кензо со неговото тигар лого, на Изабел Марант и оние најудобните на Балин.

Објавено:
23 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци