Поп ѕвездата Аријана Гранде му кажа ДА на свршеникот Далтон Гомез. Венчавката, како што наведуваат извори на ТМЗ била мала и интимна, со помалку од 20 лица.
View this post on Instagram
27 годишната Гранде и нејзиниот избраник, агентот за луксузни недвижнини, Гомез, се венчале во неделата, на имотот на пејачката во Калифорнија. Резиденцијата на Гранде се наоѓа во јужна Калифорнија, во Монтесито, елитна населба во која живеат и самите Меган Маркл и Пронцот Хари.
View this post on Instagram
Аријана Гранде ја објави свршувачката со Гомез на Инстаграм со неколку заеднички фотографии и фотографија од свршеничкиот прстен од дијамант и бисер, неколку дена пред Божиќ
Двојката е заедно нешто повеќе од година, а од страна на медиумите беа забележани како се бакнуваат во февруари 2020.
View this post on Instagram
Во мај истата година, како двојка се појавија во спотот на песната Stuck With U, коjа Гранде ја отпеја заедно со Џастин Бибер за време на карантинот.