Жените и правата: Нова кампања на Обединетите Нации

23 октомври 2013

 

Кои се нештата кои жените (сеуште) не можат да ги направат? Доколку ја напишете оваа реченица на Google ќе ви излезат неколку опции и одговори, меѓу кои „Жените не  можат да возат“, „Жените не можат да гласаат“, „Жените треба да останат дома“, но исто така ќе налетате и на фразата „Жените треба да бидат робови“, овие се само неколку од опции на резултатите од пребарувањето кои станаа статус симбол на новата кампања организирана од Обединетите Нации за жените. Имено Обединетите Нации е агенција која се занимава со правата на жените.

 

 

Графичкото решение за кампањата е креирано од уметничкиот директор Кристофер Лов од креативната агенција Ogilvy & Mather од Дубаи, во пресрет на 25 ноември кој е Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените. Акцентот е ставен на четири женски лица чии усни се запечатени со страната на пребарувачот Google, кој ги дава можните опции за тоа кои се правата на жените. Ова е потврда за уште една метафорична врска со родовите нееднаквости кои се уште постојат во светот.

 

 

 

Објавено:
23 октомври 2013
Категорија: 
Актуел