Победниците на Евровизија носеа креации од „Етро“

24 мај 2021

После победата на годинашново издание на „Евровизија“, не престанува да се зборува за групата „Манескин“.

Иако многумина се обидуваат да ја оспорат нивната победа, сепак мора да се признае дека беа поинакви на сцената, енергични и како што велат, докажаа дека „рокенролот не е мртов“.

А за севкупниот впечаток секако придонесоа и костимите.

Сега веќе светски познатите членови на групата, за евровизискиот настап соработувале со модната куќа „Етро“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

Комбинезоните, односно панталоните, елеците, јакните и сите модни додатоци се изработени од ткаенина која има металик сјај и детали што потсетуваат на „шнирање“, што одлично се вклопија со нивната енергија, сценски стил и визуелна приказна.

Пофални зборови не штедеше ниту модната куќа, која вчера на својот Инстаграм профил се пофали дека ги изработила костимите:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ETRO (@etro)

 

„ „Манескин“ победи на Евровизија во Етро. Беше неверојатно патување и ноќ исполнета со емоции. Топли честитки за „Менскин“ од нас, за оваа комплетно заслужена победа„, стои во објавата.

Немаме често шанса да слушнеме дека светски познат бренд бил дел од евровизиска приказна, така што ова беше вистинско освежување и успешна приказна за Италија, од секој аспект.

Објавено:
24 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.621 пати