Во време кога не е баш едноставно да се задржи конзинстентноста, но тоа ѝ успева на екипата на емисијата „Лица и дела“ која се емитува на телевизија „Сонце“.
На 28 ми месецов одбележуваат десет години постоење, а по повод јублејот, позборувавме и со продуцентот на емисијата, Симе Младеновски, кој се осврна на почетоците и колку било предизвикувачки цела деценија да се најдат соговорници и да се остане доследен.
„Пред десет години започнавме со емисијата „Лица и дела“. Како и секој почеток и нашиот беше тежок. Можеби ќе звучи нескромно, но бидејќи јас веќе 30 години сум тв продуцент, работев во многу наши телевизии и не бев толку скептик околу тоа дали ќе успееме, но сепак размислував како да се направи рејтинг, гледаност, бидејќи во тоа време не беше баш лесно да се постигне. Но, му благодарам на Бога, со искуство и среќа, се отпочна како што треба.“, вели Младеновски.
Емисијата добила наменски наслов „Лица и дела“, бидејќи замислата била да се разговара со гости кои направиле успешна професионална кариера, да го презентираат нивниот пат кон успехот.
„Во нашата емисија продефилираа многу познати балкански ѕвезди, македонски ѕвезди - музички, спортски, политички, од областа на културата, уметноста, од сè што беше актуелно, бидејќи ние сакаме ексклузива. Бевме медиумски покровители на многу манифестации, фестивали, хуманитарни акции и упатувавме апел за помош на лица кои имаа здравствени проблеми. Сè што сметавме дека е квалитетно го поддржувавме. Во овие 10 години добивавме и награди и дома и надвор од Македонија, што само беше потврда на нашиот квалитет. Опфаќавме теми кои мислевме дека се интересни и бевме специфични, кога е тој тип емисии во прашање“, вели Младеновски.
Меѓу гостите кои продефилирале во изминативе десет години во нивниот етер се и Елена Лука, Тавитјанови, Вања Лазарова, Есма Реџепова, Трифун Костовски, Наум Петрески, Кико Несторовски, актерите од серијалот “Итар Пејо“, Крсто Јовановски, „Архангел“, Ѓоко Ѓорчев, Елена Јованова Грујовска (директорка на Институтот по Македонски јазик) и многу други...
Освен Младеновски кој е автор и извршен продуцент на емисијата, екипата која 10 години во континуитет ја реализира „Лица и дела“ е составена од повеќе членови.
„Не е мала работа, да се опстане 10 години би рекол е макотрпна работа, но ние успевме. Ова што го направивме за нас е големо задоволство кое ќе не' држи и ќе ни даде мотив за понатаму да се бориме во ова тешко време. Се надеваме „Лица и дела“ ќе доживува многу успеси и во иднина. Ѝ благодарам на екипата - Мери Младеновска, уредник и водител, потоа камерманите Деки, Срѓан, Далибор и Боро, реализатори Баже и Владо, програмски секретар Зорица, техника Марче и целата екипа на Тв Сонце. Посебно сакам да се заблагодарам на сопственикот Џорџ Атанасоски, директорот Владо Спасиќ и главниот уредник Игро Мицкоски, за се' што направија, но секако би сакал да се заблагодарам и на нашите пријатели кои помогнаа за реализација на емисијата и секако нашите верни гледачи и сите гости кои беа дел од емисијата