„Нетфликс“ ќе го емитува документарниот филм за Оливие Рустенг

24 јуни 2021

„Нетфликс“ задутре ќе го објави документарниот филм за дизајнерот Оливие Рустенг. 

Долгоочекуваното остваарување „Wonder Boy“ всушност својата премиера за француските медиуми, ја доживува во 2019 година, но според статистиките, фактот дека многумина ќе можат да го погледнат на „Нетфликс“ го зголемува интересот.

Во меѓувреме, Рустен само уште повеќе ја зацврсти својата позиција во „Балман“, прослави 10 години работа  таму, стана уште поуспешен во модниот свет, причини кои исто така го оправдуваат огромниот интерес.

Инаку, овој француски документарец ќе им даде шанса на гледачите да го запознаат младиот дизајнер, ќе видат на кој начин успеа да го издигне своето име во светските модни вести, особено имајќи го фактот дека пред „Балман“ тој и не е нешто посебно познат.

Освен модните успеси, филмот ќе се осврне и на емотивната потрага по неговите биолошки родители.

Па, искористете ја можноста и погледнете ја навистина необичната животна приказна на овој млад дизајнер кој веќе успеа да остави своја трага во модната индустрија.

Објавено:
24 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
203 пати