Видео: Ријана зад сцена на снимањето на кампањата за Балман

Кога Ријана ја прифати понудата за заштитно лице на пролетно-летната кампања на Балман за 2014, брендот ја реализираше својата долго планирана верзија на приказна во панк фазон.

„Соновите навистина се исполнуваат. Кога жената што ве инспирира ги носи вашите креации, тогаш визијата е комплетна“, објасни креативниот директор, Оливие Рустен и додава дека токму Ријана е икона на неговата генерација која пред камерата создава чувство дека е единствената жена во светот.

Погледнете ги кратките видео прегледи на тоа што се случуваше зад сцената додека се снимаше рекламната кампања на Балман.

Објавено:
3 јануари 2014