Браво: Дејан Георгиевски освои сребрен медал во теквондо на ЛОИ!

27 јули 2021

Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски (22) освои сребрен медал на Летните олимписките игри во Токио во категоријата до 80 килограми.

Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Борбата со Русинот Владислав Ларин заврши 15:9, но ова не го намалува успехот на Георгиевски.

Допрва ќе гледаме успеси од 22 годишниот спортист и  јасно е дека пред Дејан Георгиевски е блескава иднина. Ова е прв олимписки медал за Македонија после две децении.

Честитки и му благодариме за радоста што ни ја овозможи!

 

 

 

Објавено:
27 јули 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
391 пати