Добро утро. Овој четврток го боиме во портокалови нијанси. 

Нашиот предлог за инспирација е стајлинг составен од дезенирано мини здолниште во портокалово-бела комбинација и бела маица. На тоа е додаден долг широк блејзер, а комбинацијата е заокружена со сандали и чанта во посочените бои.

Вие направете комбинација според вашите можности, извадете некое портокалово парче од гардероберот доколку имате и усогласете го според ваша желба.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
19 август 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
491 пати