Селена Гомез за магазинот „Ел“: Дијагнозата за биполарно нарушување објасни многу работи

21 август 2021

Младата пејачка и актерка, Селена Гомез го краси најниот број на американското издание на „Ел“. Со едиторијал каде е претставена како модерна Мерилин Монро, Селена после долго време отворено зборува за сите проблеми кои ги имала изминативе години.

Во потрага по мирот и бегство од метежот, неколку пати се сели. 

Разговорот пак продолжи во насока на борбата со лупусот и биполарното растројство.  А највпечатливите изјави прочитајте ги во продолжение:

„Ја најдов среќата покрај луѓето што ги сакам. Сфатив дека тогаш сум среќа. Лупус, трансплатација на бубрези, хемотерапија, ментална болест, минувањето низ јавни раскинувања и љубовни проблеми - сите овие нешта требаше да ме повлечат надолу. Секој пат кога минував низ нешто, си велев: „Што уште? Што уште ќе треба да поминам и со што да се справам?“. „Ќе им помагаш на луѓето“ си велев самата тогаш. Тоа ме одржуваше во живот. Имаше многу тешки моменти кога не бев доволно силна и кога сакав да си направам нешто за да си наштетам“.

 

„Долго време се чувствував како објект. Се чувствував одвратно“ - вели Селена на која во 2014 ѝ беше дијагностициран лупус, а некои мислеа дека е зависничка која оди на рехабилитација. „Не знам всушност што мислеа и веруваа дека правам - дрога, алкохол, забави. Тие написи беа ужасни!“

„Да се повлеков. Да, имам проблеми со менталното здравје. Бев во депресија и бев анксиозна“, вели пејачката на која покрај ова во 2018 ѝ дијагностицираат и биполарно нарушување. “Кога ми ја кажаа дијагнозата, почувствував огромно олеснување, голем товар кој како да исчезна кога дознав. Можев да земам воздух длабоко и да си речам: „Ок, тоа објаснува многу работи“.

Поради сите проблеми, Гомез се одлучува за доброто на своето ментално здравје да ги напушти социјалните мрежи. Четири години претходно, таа беше ѕвездата со најголем број следбеници. Но, и покрај милионски обожаватели, негативноста која не е ретка меѓу коментарите сепак пречела. Се запрашала: „Која е целта на ова“? После сите искуства сфатила дека има многу позначајни моменти од некоја обична фотографија од нејзините нокти. 

„Сметав дека треба да направам нешто повеќе. Ако утре ме нема, сакам луѓето да ме паметат по моето срце“. Во 2017 година, лозинките од социјалните мрежи ѝ ги дава на својата асистентка. Таа се' уште дозволува објави на фотографии и цитати, но не ги води профилите директно.

„На мојот телефон немам социјални мрежи, така што не сум ни во искушение. Морав да научам како да бидам сама со себе. И не беше лесно, бидејќи во минатото можев да потрошаам часови и часови гледајќи ги животите на другите луѓе. Сега ги добивам информациите на соодветен начин. Кога моите пријатели имаат нешто да ми кажат, ми се јавуваат и ми раскажуваат, не ми велат: „Ја виде ли мојата објва“, вели Селена која додава дека исклучувањето од социјалните мрежи на тој начин ѝ донел спокојство.

А со тоа како вели, ослободила и простор во мозокот за нови проекти, кои би говореле за неа, но на еден сосема друг начин, на подлабоко ниво. „Овој малечок телефон кој има 150 милиони луѓе на него – едноставно го спуштив. Тоа беше огромно олеснување за мене. Беше навистина убаво. Одеднаш се почувствував способна да бидам во моментот, да живеам сега“.

Еден од тие проекти е и колекцијата „Rare Beauty“ која во фокус ја става природната убавина и отфрлањето на нереалните стандарди за совршенство, а покрај тоа и хуманитарен фонд. Нејзината цел е да собере 100 милиони долари во наредните 10 години кои ќе ги вложи во подобрување на лекувањето на менталните болести. 

„Поминав години од мојот живот обидувајќи се да изгледам како некој друг. Ќе видев фотографија и ќе си речев: „Боже, зошто јас не изгледам така?“. Ништо од тоа не беше добро за мене. Се' со што сум поврзана сега има хуманитарен аспект. Ако не излезе нешто добро, нема да го работам. Не ми требаат мене пари. Ми треба луѓе кои сакаат да се борат со мене“, вели Гомез.

 

Објавено:
21 август 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
940 пати