Мараја Кери: Мојата борба со биполнарното нарушување

12 април 2018

... Вака гласи насловот на приказната што го одбележа последното издание на магазинот „Пипл“. Пејачката Мараја Кери за првпат проговори јавно и отворено за проблемите со кои се соочувала и како успеала да ги надмине.

Во 2001 година е хоспитализирана поради нервен слом, по што ѝ е дијагностицирано биполарно нарушување.

„Не сакав да верувам во тоа што го слушав“, се присетува пејачката.

После неколку, како вели, најтешки години во нејзиниот живот – професионален пресврт, реално шоу на E! телевизија и драма во љубовниот живот, таа конечно се одлучува да побара помош.

„До неодамна живеев во одбивање и изолација, во постојан страв дека некој ќе ме разоткрие. Товарот стана претежок за носење и не можев повеќе да издржам. Побарав помош и се опкружив со позитивни луѓе околу мене и му се вратив на она што најмногу го сакам – пишувањето песни и создавањето музика“, вели пејачката.

Дијагностицирано и е биполарно пореметување тип II, кое и потешко се открива, а содржи периоди на депресија и хипоманија (поблага форма од манијата, која подразбира преголемо емотивно возбудување и хиперактивност, а помала потреба од спиење, па луѓето со хипоманија имаат нормално расположение помеѓу епизодите на депресија и манија).

„Терапијата што сега ја примам ми изгледа како добра. Не прави да се чувствувам премногу уморна, или тромава. Најважно е да се најде соодветен баланс. Долго време мислев дека имам нарушување на спиењето. Но, тоа не беше типична инсомнија, не лежев будна да бројам овци. Работев и работев и работев... Бев раздразлива и во постојан страв дека ќе ги разочарам луѓето. На крајот излезе дека се соочувам со форма на манија. На крајот ќе удрев со глава во ѕид. Моите депресивни епизоди се карактеризираа така што немав воопшто енергија. Се чувствував осамено и тажно и не го правев тоа што беше потребно за мојата кариера“, открива Мараја.

 Пејачката од бракот со Ник Канон има две деца, шестгодишните близнаци Монро и Марокан.

„Сега сум добро и можам да зборувам за моите борби и биполарното нарушување II. Се надевам дека во иднина луѓето нема да се соочуваат со стигма и да поминуваат низ сè сами. Тоа може да ве направи изолирани. Тоа што боледувате од нешто вакво не ве дефинира и одбивам да дозволам да ме дефинира или да ме контролира“, вели пејачката.

Мараја е последната во низата познати личности кои признаа дека се соочуваат со ваков проблем, меѓу кои и Кетрин Зета Џонс, Бритни Спирс, Џим Кери, Кевин Дауни Џуниор...

Биполарното нарушување се дефинира како психолошка состојба во која лицето има нагли и повторувачки епизоди на промена на расположението. Ова нарушување има две фази од кои едната се состои од среќа, радост, семоќност, а другата од депресија, немоќ, тага, очајување.

 

Објавено:
12 април 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.855 пати
Извор: 
people.com