Стилски двобој: Кејт Винслет или Мараја Кери?
•
4 јуни 2013
Станува збор за Британската актерка Кејт Винслет која на доделувањето на наградите Bafta се појави во долг црн фустан, сирена стил од дизајнерот Зак Поусен. Истата креација ја носеше и пејачката Мараја Кери, но со таа разлика што фустанот беше за два броја помал од нејзините реални пропорции. Токму поради тоа, вие сами одлучете дали ќе ја одберете Кејт Винслет која во овој фустан изгледа како да е скроен за неа или пак за Мараја Кери, која одлично ги има истакнато нејзините облини иако фустанот е наменет за полежерно издание