Бојата на ѕидовите, мебелот, деталите е она што може да го направи изгледот на вашиот дом фантастичен или пак не.
Може да му даде топлина или пак студенило на домот, да го направи да изгледа широк или пак сосема спротивно на тоа.
Секоја сезона пак, си нови сосема нови трендови, а според стручните лица во областа на уредувањето и ентериерот, се издвои една боја како доминантна.
View this post on Instagram
И покрај тоа што актуелни ќе бидат сините тонови, како и природните земјени, 2022 година ќе биде во знакот на зелената и нејзините нијанси.
Од морско зелена, до пастелни нијанси на зелена, како маслинестите тонови, се' тоа ќе биде во тренд, со цел доближување повторно до природниот изглед.
Оваа тенденција е посебно забележлива при уредувањето на кујните, нешто што се провлекуваше како тренд и во 2020 година. Стручните лица ја оценуваат како свежа, богата, софистицирана и мошне впечатлива нијанса. Му дава смиреност и комфор на просторот, симболизира напредок и прилагодливост.
View this post on Instagram
Посебен акцент ставаат и на сиво-зелената нијанса, за која велат дека посесбно се издвојува, а нејзините богати нијанси придонесуваат за чувство на оптимизам.
На крајот, се споменува и алое-нијансата на зелена, која е одличен избор ако сакате смирена атмосфера. Има винтиџ, класична нијанса, која совршено се вклопува во сите декоративни стилови.
А еве и неколку примери за инспирација:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram