Почина Гантер од „Пријатели“

25 октомври 2021

Неколку месеци по признанието со каква болест се соочува, пристигнаа тажни вести - американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, кој публиката најмногу го знае по улогата на Гантер во хит-серијата „Пријатели“ почина.

Пред три години му бил дијагностициран рак на простатата во напредна фаза, а во меѓувреме метастазирал и на коските. Во специјалната епизода на „Пријатели“ се појави со видео-вклучување.

 

„Тоа беа најнезаборавните десет години од мојот живот. Не можев да посакам подобро искуство. Беше уживање да се работи со вас", изјави актерот тогаш.

Инаку, покрај шесте „пријатели“, Гантер беше најконстантниот член на екипата. Го гледавме во 148 епизоди како Гантер, келнер и менаџер во прославеното кафуле „Централ перк“.

Во една пригода изјави дека улогата ја добил бидејќи само тој знаел да ракува со машина за правње кафе. Првата реплика ја добива дури во 33 епизода, но неговата улога секако беше впечатлива и без него серијата секако немаше да биде иста.

„Светот го знаеше Гантер како седмиот пријател", изјави неговиот менаџер.

 

Објавено:
25 октомври 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
927 пати