Топлата облека ќе биде нашиот прв избор овој период од годината. Стилската униформа во зима задолжително вклучува топол шал, па нашите предлози за што да облечете, секако ќе го вклучуваат ова зимско парче кое дозволува експериментирање во различни модни комбинации.

Нашиот денешен избор е топол шал-ќебе во нијанса на карамела, а го комбинираме со предимензиониран капут во минт сина боја, џинс и плетена ролка.

Модните додатоци во овој аутфит, чантата и чизмите се во слична нијанса како и шалот.

Пријатна, трендовска, а пред се топла зимска комбинација.

Објавено:
9 декември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.279 пати