Среда во сомотски панталони и кариран капут
•
12 јануари 2022
Добро утро. Со оглед на минусните утрински температури, нашиот денешен предлог е топла зимска комбинација.
Кога е многу студено, фармерките не секогаш се идеален избор. Подобро одберете панаталони од подебел материјал, каков што е например сомотот.
На фотографијава панталоните се во бакарна нијанса, вие направете ваш избор на боја. Во комбинација се со бел џемпер, а на тоа е додаден кариран капут, односно капут со пепито дезен.
Чизми, мала чанта, а вие додадете и топол шал и капа и уживајте во денот.