Сабота во џинс + капут + патики
•
28 ноември 2020
Добро утро. Викенд е, па веруваме дека сте добро расположени. Ако планирате некоја прошетка во природа, можеби овој стајлинг ќе ви помогне како инспирација.
Нашиот денешен предлог е комбинација составена од фармерки со висок струк и бела блуза. На тоа е додаден капут во беж нијанса и огромен шал со реси во истата нијанса.
Патики и чанта се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот, а вие можете да додадете и капа, бидејќи иако има сончеви зраци, надвор е студено.
Ви посакуваме убав ден.