Денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на еден од најголемите светски костимографи

28 октомври 2013

И покрај тоа што немала формално образование како моден дизајнер, сепак Едит Хед важи за еден од најуспешните сценски костимографи која одржала врвна кариера од шест декади.

Денеска прославуваме 116 години од нејзиното раѓање, а пребарувачот Google во нејзино име тематски го преадаптираше своето лого.

Таа има креирано костими за преку 400 филмски остварувања, вклучувајќи ги сценските костими на Одри Хепберн за филмот Roman Holiday (1953) и за Елизабет Тејлор во филмот Place in the Sun (1951).

Во 1955 година, принцезата од  Монако, Грејс Кели го прими својот Оскар носејќи ја сега веќе добро познатата сина тоалета која премина во легендарните холивудски архиви. Во тој период, тој важеше за еден од најскапите фустани направени за престижната манифестација.

Објавено:
28 октомври 2013
Категорија: 
Актуел