Топлите кафени тонови, односно чоколадните нијанси, ќе бидат меѓу најактуелните годинава, според прогнозите на модните инсајдери.
Флексибилни за комбинирање, овие нијанси лесно ќе го пронајдат своето место во сечиј плакар независно од возраста и личните модни вкусови.
Истовремено елегантни и отмени, нијансите на чоколадо одлично прилегаат и за посвечен, но и за деловен и полежерен изглед.
Ако некогаш овие тонови редовно беа резервирани за есен, сега не постои никакво сезонско ограничување и ќе наидете на нив во секој период од годината.
Лесно се вклопуваат со другите топли нијанси како нежна беж или пак бела боја, но бидете смели и комбинирајте ги чоко нијансите и со поинтензивни бои како виолетова, жолта или пак азурна, за уште повпечатлив изглед.
Ние ви подготвивме неколку инспиративни предлози во продолжение.
Фото: Пинтерест