Пастелни нијанси на лакови за нокти се хит оваа сезона
•
21 мај 2014
Иако летото е период од годината кога впечатливите нијанси доаѓаат до израз, ние ќе ви понудиме тренд на лакови за нокти кој е потполно адекватен во однос на разни комбинации и стајлинзи. Предноста на беж и пастелните нијанси на лакови за нокти е што можете лесно да си поиграте во однос на посветлите и потемни нијанси и да направите необичен изглед со комбинирањето на тонови на прстите на рацете и нозете.
Исто така, доколку немате доволно време секојдневно да ја менувате бојата на лакот за нокти во однос на стајлингот, беж нијансите се вистински избор за вас.