Тренди лакови за нокти за претстојната зима

9 ноември 2016

Ако сте љубител на лаковите за нокти, а притоа се размислувате со која нова нијанса да се подновите пред почетокот на празничната сезона, веруваме дека со овој текст ќе ви го олесниме изборот.

Во продолжение ќе ви ги презентираме трендовските бои за зима:

 

Бургунди

Жешка нијанса, која речиси никогаш не излегува од мода. Темните нијанси се тренди секогаш во зимскиот период. Ќе изгледа мошне секси со волнени парчиња или кадифени.

 

Светки

Светките се апсолутен тренд во било кој моден сегмент, па лаковите за нокти не се исклучок.  Совршен избор се за забави, па дури и венчавки. Можете да аплицирате таков лак, или налакирајте се во која боја и да сакате, а завршете со светки.

 

Полноќна сина

Темносините нијанси секогаш изгледаат одлично навечер. Нема да згрешите ако ги изберете и кога е облеката во прашање, но и лакот за нокти. Ова е една од најтрендовските нијанси сезонава. Дали ќе се одлучите за мат или нијанса со сјај, изборот е ваш.

 

Беж

Ако сте од оние што преферираат светли нијанси, тогаш варијантите на беж се она што вие треба да го одберете. Изгледаат дискретно, пристојно, а истовремено и женствено. Со ваков избор нема грешка.

 

Сива

За посмелите, уште една актуелна трендовска боја – сива! Изгледа одлично во сите нијанси, дури е благодарна и за дополнителни апликации. Совршено се вклопува со топлите стајлинзи.

 

Темновиолетова

Со оглед дека ова ќе биде една од водечките бои оваа зима кога е облеката во прашање, тогаш бидете во тон и купете си и таков лак за нокти. Идеален за оние што ги сакаат впечатливите бои.

 

Металик

Покрај светките, металик нијансите освојуваат и оваа зима. Можете да ги комбинирате со други бои, или пак да се одлучите за комплетно металик нокти. Самиот факт дека ова е ултра тренди нијанса и кај облеката и кај модните додатоци, нема причина да не купите ваков лак за нокти.

 

Темнозелена

Ако пастелните се хит во лето, тогаш зимата е резервирана за темните, а темнозелената е уште една во низата актуелни. За сите што сакаат драстична промена од топлите тонови, нека ја одберат смарагдно зелената.

Објавено:
9 ноември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.479 пати