Обратниот француски маникир е нов моден хит

28 октомври 2013

Постапката можеби изгледа сложено, но сепак не е нешто кое не би можеле и сами да го направите. Потребни ќе ви бидат: лак во светла мат нијанса, темен и лак во јака нијанса, налепница за француски маникир и проѕирен лак.

Постапка е следна:

1. Нанесете лак во мат нијанса

2. Кога ќе се исуши лакот на горниот дел ставете ја налепницата

3. Нанесете го лакот со темна нијанса

4. Кога ќе се исуши лакот извадете ја налепницата

5. Заштитете ги ноктите со тоа што ќе нанесете проѕирен лак како последен чекор.

Лаковите не ги нанесувајте во дебел слој и правете пауза меѓу чекорите за слојот од нанесениот лак да биде исушен.

Објавено:
28 октомври 2013
Категорија: 
Направи сам