Миксот помеѓу источниот и западниот минимализам олицетворени преку јапонскиот и сканди стилот, го дава новиот хит во ентериерното уредување: јапанди.
Чисти линии, хармонија и баланс во просторот, минимализам и едноставност, се основните карактеристики кои го дефинираат овој естетски микс од двете идеологии во уредувањето.
Природните елементи, како дрво и камен, зелените растенија и топлите бои, исто така припаѓаат на естетскиот портрет на овој стил на ентериерен декор.
Така, две комплетно различни култури, се наоѓаат во една заедничка естетика која наиде на голема популарност во модерното уредување, а е исто толку актуелна и на Инстаграм.
Прочистување од сите непотребни елементи и слободен простор хармонијата да дише со полни гради.
Еве како изгледа јапанди применета практично.