Модниот свет пријатно и удобно се смести во лежерните дводелни одела и нема намера да ги менува.
Овој стилски сет веќе неколку сезони е хит и во уличната мода, но и на црвениот килим и во деловниот свет.
Изведен од класичното машко одело, во далеку полежерен и опуштен крој, со предимензионирано сако и широки панталони, овој аутфит си го најде своето место меѓу фаворитите во стилот на многу дами, блогерки, инфлуенсерки, светски филмски ѕвезди и жените од нашето секојдневие.
Голема е веројатноста дека последниве две години, покрај другото се навикнавме и на полежерна и пријатна облека, со оглед на околностите и фактот дека голем дел од луѓето работеа од дома. Тоа имаше свое влијание и врз нашата модна перцепција, па приоритет и дадовме на лежерноста и удобноста.
Но, удобната и лежерна облека истовремено може да биде и ултра шик и женствена, а токму оваа комбинација на дводелен костум е доказ за тоа.
Издвоивме неколку предлози како оделото би го носеле оваа пролет.
Фото: Пинтерест