Џереми Скот застанува на чело на Москино

29 октомври 2013

Џереми Скот е новиот креативен директор на Moschino SpA. Американскиот дизајнер ќе ја претстави својата нова колекција на 30-тиот роденден на оваа италијанска модна куќа кој ќе се случи за време на Миланската модна недела во февруари наредната година.

 

Џереми Скот

 

„Ова именување тотално се вклопува со ДНК-то на брендот со онаа на Џереми Скот кој важи за дизајнер кој е способен за повторна интерпретација на идентитетот и суштината на Москино“, вели потпаролот на компанијата.

 

Росела Џардини

 

Назначувањето на новиот директор Скот, го означува и крајот на владеење на еден долг мандат на Росела Џардини, која беше предводник на оваа модна куќа по смртта на нејзиниот основач Франко Москино, во 1994 година.

 

Москино колекција есен зима 2013

 

„Москино срдечно и се заблагодарува на Росела Џардини, за нејзиниот огромен придонес во одржување на нескротливиот дух на брендот Москино во првите редови на модната индустрија од 1994 година, па се до денес. Нејзината креативност и упорност, придонесе овој бренд да остане клучен сегмент од светската модна историја“, се вели во медиумот кој вчера ја лансираше оваа вест.

 

Росела Џардини

Објавено:
29 октомври 2013
Категорија: 
Актуел